WordPress+WooCommerce | УБРЗАНА ИНТЕРАКТИВНА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА | Градска академија – Скопје
11,990.00 ден – 18,990.00 ден со ДДВ (-60%)
Управување и администрирање на веб портали и е-продавница!
ЗАШТЕДИ ДО 70% и стекни се со знаење самостојно да создаваш и менаџираш веб страни со најголемата светска CMS платформа.
20 часовна односно 10 дневна работилница на која практично ќе ги создадете Вашиот интернет портал и е-продавница.
ПЛАТФОРМАТА КАДЕ ИМА Е ЦЕЛОСНО НАПРАВЕНА СО WORDPRESS И WOOCOMMERCE!
УБРЗАНА ИНТЕРАКТИВНА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО НЕОПХОДНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНАЛЕН ВЕБ САЈТ ИЛИ Е-ПРОДАВИЦА ЗА САМО 2 НЕДЕЛИ.
Зошто WordPress?
WordPress e најпопуларната и најкористената CMS платформа (eng. Content Management System) и алатка за креирање на веб-страни и е-продавници без разлика каде се наоѓате во светот. WordPress е универзална отворена и бесплатна интернет платформа со која можете да креирате блог, корпоративна веб страна за вашата компанија, медиумски интернет портал или електронска продавница со која можете да тргувате и продавате свои или туѓи услуги и/или производи. Затоа многу светски брендови ја користат оваа платформа за управување на своите веб страни и е-продавници со милиони дневни посети од корисници на истите.
Нашата интерактивна работилница овозможува да стекнете знаења и вештини за самостојна изработка на комплетно функционална сопствена веб страна или е-продавница. Убрзаната интерактивна работилница за WordPress и WooCommerce и идеална за сите они кои немаат искуство, а сакаат да навлезат во тајните на креирање, управување и администрирање на веб портали и е-продавници.
WordPress и Woocommerce се идеални совршени платформи за секој стартап бизнис. Работилницата е целосно прилагодена и дизајниран за почетници кои сакале а никогаш до сега немале прилика или можност да научат како се подига, управува, прилагодува и администрира интернет веб страна.
На работилницата низ практични примери стекнувате искуство како да регистрирате домени, нивно сетирање кон Вашиот хостинг, како да управувате со Вашиот хостинг преку cPanel, како да вршите навреме ажурирање и активирање на дополнителни додатоци за WordPress.
Со првите часови веќе практично се среќавате со предизвици како се хостира веб страна, како се сетира и инсталираат дадотоци и теми, како се креираат содржини и производи.
Работилницата Ви ја отвора портата на WordPress каде имате прилика практично да инсталирате и активирате WordPress, да направите дизајнирање и уредување на целосната веб страна, да креирате засебни страници на веб страната, да ги креирате и управувате менијата, приказите, заглавијата, да инсталирате на теми и додатоци, како и да правите мануелно или автоматски копии на веб страната.
За време на работилницата учесниците можат целосно да работат и практично да ја развиваат својата веб страна или е-продавница на сопствен домен.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО РАБОТИЛНИЦАТА
- Времетраење: 20 школски часови
- Изборно следење Онлајн или со физичко присуство
- Годишен хостинг на Вашата страна преку нашата платформа
- Регистрација на слободен домен: tvoeime.com
- За секој што ќе ја следи редовно работилницата следува ПОТВРДА за следење работилница
- Сите заинтересирани можат да полагаат дополнително за сертификат
- Времетраење на работилницата: / 2 недели или 10 работни дена /
Термини за работилницата ќе бидат објавени дополнително и ќе се одвиваат во јануари и февруари - Интензитет на работилницата: секој работен ден од 18:00 и од 20:00 часот
- Се работи во групи од по 4 лица со практичен и реален проект за секоја група
- Предавањата се на македонски јазик
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА РАБОТИЛНИЦАТА?
Работилницата е наменета за ентузијасти, приватни стопанственици, здруженија, стартап фирми, мали фирми, креативци, графички дизајнери и сите кои сакаат да се претстават на интернет себе или својата фирма на едноставен и брз начин. Вистински предизвик е и за средношколци, студенти и возрасни без потреба од претходни знаења за програмските јазици.
За следење на работилницата пожелно е учесниците да имаат основни познавања за компјутери
Интерактивната работилница за управување и администрирање на WordPress+WooCommerce е наменета за сите што сакаат да запознаат со начините на функционирање на веб страните и е-продавниците преку платформи со отворен код како што е WordPress. Учесниците во работилницата ќе стекнат знење со практично искуство како самостојна да можат да креираат веб страни, интернет портали или е-продавница без да се замараат и да учат програмирање.
Работилницате низ практични примери ќе Ве воведе во светот на алатките на WordPress, нивната логика и функционалност и ќе Ви отвори еден нов креативен свет на создавање функционални и креативни веб страници следејќи ги основните чекори.
ШТО СЕ ЌЕ РАБОТИМЕ И ДОЗНАЕТЕ ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА
- Опис на поими и технологии. Теорија низ примери. Конфигурирање на кориснички профили и пристап на сервер.
- Инсталирање на WordPress CMS. Основни конфигурации на системот,
- Креирање/интегрирање на сопствено лого во сајтот, уредување на слики, видеа и звук
- Креирање на мојата прва веб страница и пост, креирање на основно мени и подменија.
- Што се теми (eng. themes), додатоци (eng. plugin) и која нивната улога во WordPress
- Инсталирање, управување, прилагодување на комерцијални теми и користење на бесплатни и комерцијални алатки – додатоци
- Инсталирање на тема на сајтот, прилагодување на приказите и содржините
- Категории, тагови, коментари, виџети, мултимедија во постови и страници
- Вовед во е-трговија со е WooCommerce. Која е негова улога за е-продавница во WordPress
- WooCommerce инсталација, сетирање и администрирање
- Креирање веб-страница за е-трговија со користење на WooCommerce
- Креирање на продукти, категории, тагови и прилагодување на нивно прикажување
- Контакт форма и интегрирање со социјални мрежи
- Што се widgets, која е нивната улога и како да управувате со истите
- Додатоци за следење на посетеноста на сајтот со додатоци Google Analitysc
- Додатоци за социјални мрежи, интегрирање на повеќејазичност, интегрирање на реклами.
- Креирање на галерии со слики
- Back up на сајтот преку сервер и wordpress.
- Менаџирање и управување на мејлинг листи со бесплатни и комерцијални алатки
- Напредни конфигурирања на WordPress
СО КАКВИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЌЕ СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ И ЗДОБИЕТЕ
- Основи познавање за самостојно инсталирање, управување и администрирање со WordPress и WooCommerce корпоративна веб страна, медиум портал или е-продавница
- Основи на менаџирање на хостинг со cPanel, управување со домени, под-домени, е-пошти
- Хостинг инсталација и менаџирање на WordPress платформа со cPanel
- Самостојно подигање и хостирање на WordPress и WooCommerce со комерцијални теми и додатоци за креирање на модерна и професионална веб страна
- Прилагодување на веб страна према желбите, потребите и барањата
- Како да изберете хостинг платформи према потребите на Вашата веб страна или епродавница
УСЛОВИ И НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРОТ
- Ваучерот е пожелно да се искористи на една од најавените работилници до 28.02.2022
- Неискористениот ваучер може да се заменат за други ваучери или по истекот на рокот да се изврши целосна рефундација
- Лимит: еден ваучер по компјутер. Од другата страна можат работилницата да ја следат и повеќе лица
- За формирање на една група потребно се 40 пријави. Во случај на доволен интерес работлниците покрај наведените термини ќе се одржат и во месец Декември 2022 год.
- Сите информации за секоја работилница посебно ќе бидат доставени по е-пошта.
- Единствена и официјална комуникација ќе се смета комуникацијата со е-пошта
ГРАДСКА АКАДЕМИЈА Скопје
ГРАДСКА АКАДЕМИЈА е урбана онлајн Академија која нуди специјализирани едукации, работилници и обуки за онлајн платформи.
Additional information
Начин на присуство | Онлајн учество во работилница, Физичко присуство на работилница |
---|
-
50.00 ден
100.00 денсо ДДВ 50% offДелнички вредносен ваучер | -50% партнери
50.00 ден100.00 денсо ДДВ 50% off
Коментари
There are no reviews yet.