МАКЕДОНСКА МАПА НА ВИНАРИИ СО ДНЕВНИК ЗА ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ | ОНЛАЈН ЗАШТЕДИ ДО 55%

299.00 ден599.00 ден со ДДВ (-50%)

Во понуда од: Wine & Food

200 на залиха

МАКЕДОНСКА МАПА НА ВИНАРИИ + ДНЕВНИК ЗА МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ
Откријте ги новите производители на македонско домашно вино со нашата печатена македонска карта на винарии!
Дегустирајте македонски вина и забележете ги Вашите импресии со новиот дневник за македонски вински дегустации!
БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

Спореди

МАПА НА МАКЕДОНСКИ ВИНАРИИ + ДНЕВНИК ЗА МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ

МАПА НА МАКЕДОНСКИ ВИНАРИИ

Откријте ги новите производители на македонско домашно вино со нашата печатена македонска карта на винарии!
Дегустирајте македонски вина и забележете ги Вашите импресии со новиот дневник за македонски вински дегустации!

Извршивме мапирањето на повеќе од 250 винарии од Македонија согласно регистарот што го води Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за потребите на ВИНОПЕДИА | Вински енциклопедии и винските истражувачи. Дигитална верзија на македонската карта на винарии е јавно објавена и достапна онлајна на Google Maps.
 
Покрај винарии, мапирани се и неколку физички продавници за вино, како и повеќе вински барови, ресторани и вински соби во Скопје и Македонија. Во наредниот период мапираме препорачани вински рути и вински патувања за да ги засилиме Вашите вински искуства уште повеќе.
Наздравје на незаборавни вински доживувања! 🍷🗺️

Најбрзиот и најдиректен начин да дознаете повеќе за виното е да научите како да земате добри белешки при негова дегустација. Ова не претставува некоја посебна и голема тајна, туку едноставно начин на кој винските ентузијасти и почетници ги учат основите за дегустација и распознавање на вината, додека професионалците ги усовршуваат своите стекнати вештини.

 

ДНЕВНИК ЗА МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ

Дневник за македонски вински дегустации претставува прирачник со кој преку практични примери за евиденција на вината кои ги дегустирате и козумирате на едноставен и брз начин ќе ги совладате основните техники за дегустација и ќе ги збогатите Вашите знаења за вината и македонските винарии
Дневникот е подеднакво наменет и за напредни и професионални дегустатори на вина кои сакаат и имаат потреба да водат евиденција на дегустирани вина во од,
Дневникот им помага на винските ентузијасти да го изградат речникот за дегустација на вина преку кратки и брзи објаснувања од каде и како доаѓаат одредени вкусови пропратено со начини и техники за идентификација на винските грешки
И покрај тоа што виното и винската индустрија претставуваат комплексна и комплицирана тема, преку запазување на процесот и начинот за водење на белешки за секое дегустирано вино Ве води во стекнување на навики и во основите на принципи за дегустација.

На 20тина воведни страници од дневникот концизно се дадени основните принципи правили начини и техники на дегустација со објаснување на значењето на користените вински дегустациони термини

ИДЕАЛЕН ПОДАРОК ЗА ВИНСКИ ЕНТУЗИЈАСТИ
Дневникот претставува идеален подарок за Вашите вински пријатели. Можете да го искористите како роденденски подарок или за било која друга пригода.
Искористете ја можноста и нарачајте за Вашите пријатели на пакет избрани вина и по еден дневик за учесник на винската дегустации и организирајте приватан и заедничка винска дегустација

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ:

ПЕЧАТЕНА МАПА НА МАКЕДОНСКИ ВИНАРИИ
Димензии: 458 x 648 mm

ДНЕВНИК ЗА МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ
Корица: 300 гр. мек повез – мат ламинирана
Димензии: 225 х 325
Печат: целосно колор 4/4
Хартија: 90 грамска

 

Main Menu

МАКЕДОНСКА МАПА НА ВИНАРИИ СО ДНЕВНИК ЗА ВИНСКИ ДЕГУСТАЦИИ | ОНЛАЈН ЗАШТЕДИ ДО 55%

299.00 ден599.00 ден со ДДВ (-50%)

Додади во корпа