Услови и постапка за комерцијален партнер

Платформата КАДЕ ИМА е инвестициона платформа преку која комерцијалните партнери можат да аплицираат за добивање финансиски средства како инвестиција во нивни производи и услуги повластени цени кои преку платформата ќе бидат понудени на инвестициските партнери за инвестирање.

Доколку инвестициските партнери ја прифатат понудата од комерцијалните партнери одобруваат инвестирање во понудените производи и услуги и истите понатаму се објавуваат на платформата како вредносни ваучери за користење на поединечни производи и услуги во кои мали инвеститори и корисници можат да инвестираат во истите со соодветни заштеди.

Комерцијалниот партнер за добиените средства има за обврска да ги исполни понудените обврски согласно понудените услови и рокови на корисниците на вредносните ваучери во кои инвестирале преку пратформата КАДЕ ИМА.

Комерцијалниот партнер по искористување на најмалку 50% има право да поднесе ново барање за инвестирање двојно поголемо од претходното. Инвестициските партнери можат барањето да го прифатат за групно финансирање или индивидуално инвестирање.

Во случај на реализација на зделката комерцијалниот партнер има за обврска да исплати 5% од вкупната вредност на инвестицијата.

Main Menu