Како да станете инвестициски партнер и член во клубот на инвеститори

КАДЕ ИМА клуб за инвеститори е наменет за физички лица и фирми кои сакаат да инвестираат преку нашата платформа износи поголеми од 60.000 денари за физички лица и 180.000 денари за фирми.

Средствата од членовите на инвестицискиот клуб се инвестираат со нивно одобрување во понуди од партнери и партнерски програми кои потоа преку платформата КАДЕ ИМА се нудат односно отстапуваат на други заинтересирани помали инвеститори кои инвестираат за да заштедат со користење на вредноси ваучери за понудените услуги и производи од партнерите.

На овој начин им овозможуваме на партнерите да добијат готовински авансни финансиски средства кои ги исплаќаат во наредниот период со своите услуги или производи отстапени по повластени цени и услови за користење на истите. Приносот на инвестициите кај инвестициските партнери ќе се движи од 20% до 40% од приходите кои ќе бидат остварени од страна на платформата за наведениот начин на управување со инвестициите. Минималниот приход со кој ќе работи платформата изнесува 5% на вкупната вредност од понудите на партнерите за своите услуги и производи.

Клуб на инвеститори

Целта е изнаоѓање на квалитетни партнерски понуди кои во пократок рок би се реализирале инвестициите преку малите инвеститори со цел да се направи поголем и поброен обрт на истите средства во партнерски програми. На овој начин доколку би се правеле по 2 циклуси во месецот на инвестираните средства ќе се постигне годишниот принос еднаков на вложените средства што би значело на еден вложен денар за период од една година би се добиле два денари.

Нормално за да можеме да ги оствариме зададени цели на инвестицискиот клуб немаме можност за неограничени инвестиции туку истите се лимитирани од пазарот. Најбитното е што сите инвестициски партнери учествуваат сразмерно на инвестицијата во одлуките за инвестирањето во партнерските програми.

Во моментов ја подготвуваме целокупната програма за начинот на работа на инвестицискиот клуб. Доколку сакате да бидете меѓу првите инвестициски партнери слободно контактирајте не телефонски на 076-915715 или со е-пошта на info@kadeima.info да закажеме средба и ја презентираме идејата и концептот на работа на инвестицискиот клуб.

Main Menu