КРЕАТОР НА ПЛАТФОРМАТА КАДЕ ИМА | МУЛТИ СОЛУШН ДООЕЛ Скопје

МУЛТИ СОЛУШН ДООЕЛ е сопственик и креатор на платформата за заштеди преку инвестиции во вредносни и потрошувачки ваучери КАДЕ ИМА.
Друштвотото МУЛТИ СОЛУШН е специјализирано друштво за развој и менаџирање на интернет проекти и платформи со веб 3.0 технологии.

Постојат многу дефиниции, начини и можности за инвестирање. Некои инвестираат во акции, некои во недвижен имот, некои во крипто средства. Зошто не би можеле да заштедиме и инвестираме и во услуги и производи кои ги користиме секојдневно или би сакале да ги користиме повремено и да се осигураме дека нашата инвестиција навистина ќе ни донесе дополнителна заштеда и бенефит.

Каде има е инвестициона платформа која нуди можност да заштедите со инвестирање во вредносни ваучери за услуги и производи по супер поволни понуди и акции понудени преку партнерски програми од нашите комерцијални партнери.

За секоја понуда нашите партнери даваат услови, правила и термини кога и како се се користат вредносните ваучери. Ваучерите можат да бидат конкретни за услуга или производ или генерални од КАДЕ ИМА наменети за користење кај актуелните партнерски програми.

Читајте ги внимателно условите и начините на користење пред да одлучите да инвестирате во вредносен ваучер.

Доколку поради било која причина не успеете подолг период да го искористите конкретниот ваучер или рокот за искористување кај партнерот е истечен, истиот можете да го вратите назад и да го замените со друг.

Рефундација целокупниот износ на вредносни ваучери вршиме само на неискористените генерални ваучери на КАДЕ ИМА платформата.

invest-people-ideas

Стандарните начини на инвестирање подразбира инвестирање со штедење, инвестирање во акции, во недвижен имот, во крипто средства, во фото волтаични централи и слично.

КАДЕ ИМА платформа за заштеди преку микро инвестиции со и во вредносни потрошувачи ваучери иако по многу нешта има заедничко сите наведени инвестициски концепти, како сепак се разликува по многу работи. 

Основната разлика што кај наведените инвестиции приносот и добивката се остварува по некое време додека инвестирањето преку КАДЕ ИМА приносот односно заштедата или добивката се остварува истиот момент кога се реализира микро инвестицијата. Овие заштеди и добивки КАДЕ ИМА ги овозможува благодарение на финансиската моќ на членовите на Клубот на инвеститори со кои заеднички успеваме да обезбедиме заштеда во понуда на квалитетни производи и услуги по супер поволни услови и цени.

Ако сте производител или увозник, имате полни магацини со производи или нудите услуги и Ви е потребен нов свеж капитал за инвестиции, набавки или производство, тогаш КАДЕ ИМА платформата за микро инвестиции во вредносни потрошувачки ваучери е вистинско решение за Вас.

Приклучете се во нашата партнерска програма и доставете понуда за Вашите производи и услуги по повластени цени, а ние со членовите на нашиот Клуб на инвеститори ќе Ви обезбедиме деклумна или целосна инвестиција за Вашата понуда на производи и услуги.

Стекнатата инвестиција станува Ваша обврска да ја исплатите и вратите со производи и услуги што ќе ги реализирате и испорачате согласно Вашите правила и услови кон нашите микро инвеститори во вредносни ваучери.

Доколку имате слободни средства и саката да ги инвестирате во нови бизнис модели и концепти, целосно да имате увид и самостојно да управувате со Вашата инвестиција, транспаретно онлајн да ги следите приносите кои ги остваруваме и добивката што ја остварувате, тогаш КАДЕ ИМА е Вашиот нов советник и партнер со уникатна платформа за соработка.

Со платформата КАДЕ ИМА имате целосна контрола и преглед на Вашите инвестиции и нивната реализација. Висината на Вашите инвестиции кај нашите комерцијални партнери зависат исклучиво од Вас. Без Ваша согласност Вашите инвестициски вредносни ваучери не ги реинвестираме во бизниси, производи или услуги.

Вашето портфолио со преглед на инвестираните и реализираните инвестиции, Вашиот поврат и се она што еден инвеститор би требало да го знае 24/7 за својата инвестиција.

Сите наши информации, депозити и инвестиции се целосно транспарентни помеѓу сите учесници во платформата. 

Инвеститорите во секој момент имаат целосен увид во состојбата на инвестициите и депозитите на сметка. На дневна, неделна, месечна и квартална основа можат да се следат во живо висината на инвестициите во вредносните ваучери, нивната реализација, новите барања за инвестиција од партнерите, како и реализацијата на микро инвестициите во вредносни потрошувачки ваучери и нивната заштеда што ја добиле крајните корисници.

Main Menu